Од 30 август до 2 септември во Спортската сала „Младост” во Битола ќе се одржи првиот меморијален ракометен турнир „Боро Чурлевски”.

Пелистер ќе биде домаќин во втората група, а за противници ќе ги имаат францускиот тим Шербург кој за прв пат ќе гостува во Македонија, шампионот од соседна Грција, Олимпијакос, кој безрезервно ја прифати поканата да гостува во конзулска Битола и ја почуствува еуфоријата на најракометниот град на Балканот, кратко ни искоментираа од атинскиот клуб.

Во првата група, новајлијата во Суперлигата, екипата на Бутел, ќе ја има честа да го отвори турнирот заедно со вицешампинот на Турција, Селкаспор, како и шампионот на Финска, екипата на Кокс.

Општина Битола заедно со Пелистер ќе бидат организатори и домаќини и ги повикуваат сите љубители на ракометот во Македонија да го посетат и уживаат во ракометните мајстории кои ќе се прикажат на премиерното издание на интернационалниот турнир „Боро Чурлевски” за кој се надеваат дека ќе стане традиција. М.М.