Олимписките игри во Париз беа отворени со свечена церемонија која се разликува од сите досегашни, бидејќи парадата на најдобрите спортисти на планетата првпат не беше организирана на стадионот.
Овие олимписки игри беа отворени со пловење по реката Сена, каде што повеќе од десет илјади спортисти од светот во чамци им мавтаа на стотици илјади гледачи кои од брегот го следеа отварањето.
Со димни сигнали во боите на француското знаме, настапот на Лејди Гага, американската пејачка и стотици танчерки на бреговите и мостовите, првите натпреварувачи беа од Грција што испловија по Сена, што е обичај во најголемиот светски спортски настан, кој потекнува од таа европска земја.
Македонската спортска експедиција беше претставена на вечерашното спектакуларно отворање на Олимписките игри во Париз.
Екипажот од Македонија брои шест спортисти, плус нивните тренери, а знамето го развиорија Дарио Ивановски и Мила Рељиќ. Со Македонија на бродот беа и експедициите на Луксембург и Мадагаскар.
Македонија во Париз ќе настапи со шест спортисти: Никола Ѓуретановиќ (пливање, 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (спортско стрелаштво, 10 метри воздушна пушка), Дарио Ивановски (атлетика, маратон), Владимир Егоров (борење до 57 килограми, слободен стил), Еди Шерифовски (џудо) Милијана Рељиќ (таеквондо).
Париз е домаќин по трет пат во историјата, по 1900 и 1924 година, придружувајќи му се на Лондон како лидер, кој исто така беше домаќин на Игрите три пати, во 1908, 1948 и 2012 година.
Организацијата на Игрите ќе чини околу девет милијарди евра. На Игрите учествуваат 10.714 спортисти, во 32 спортови, од 206 земји и територии.