фото (РФМ)

По поразите од Словенија (27-25) и Црна Гора (28-24) и во групната фаза на Европското првенстви во Унгарија и Словачка, македонската машка ракометна репрезентација преку два бараж дуели ќе треба да се бори за место на следното Светско првенство кое што во 2023 година ќе се игра во Полска и Шведска.

Италија, Фарски Острови, Романија, Израел, Финска, Естонија, Грција, Белгија и Швајцарија се репрезентациите кои би можеле да бидат противници на Македонија во првиот бараж дуел за пласман на СП 2023.

Во бараж групата со Македонија ќе бидат и деветте најслабо пласирани репрезентации од ЕП кое е во тек.

Доколку Македонија го помине првиот бараж-систем, следува втор бараж дуел, во кој противниците ќе бидат далеку посериозни, односно, таму ќе бидат сите репрезентации што ќе се пласираат од четвртото до 15 – то место на ЕП, освен Полска и Шведска кои имаат директен пласман како домаќини и селекцијата на Данска која е бранител на титулата од претходното СП во Египет.
Овие девет репрезентации ќе вкрстат со деветте репрезентации кои ќе победат во првиот бараж, а победниците од вторите баражи ќе обезбедат директно место на Мундијалот во 2023 година.
Првите бараж средби закажани се за средината на март, додека вторите бараж дуели ќе се играат еден месец подоцна, во април.