КОШАРКА – ПОЗНАТИ ЧЕТВРТФИНАЛИСТИТЕ НА СП 2023

Литванија – Србија, Италија – САД, Германија – Летонија и Канада Словенија се четвртфиналните двојки на 19. Светско првенство (СП) во кошарка, кое до 10 септември се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини, со учество на 32 селекции.

Актуелниот светски првак Шпанија во неизвесен и драматичен натпревар загуби од Канада со три поени (85-88) и со тоа го освои деветтото место. Покрај Шпанија, елиминирана е и Франција, која беше носител на бронза од последното СП во Кина 2019 година. Позитивно изненадување е пласманот во четврт-финалето на Летонија, која е дебитант на мундијалите.

Денеска на СП играа: Литванија – Србија и Италија и САД, додека утре силите ќе ги одмерат Германија – Летонија и Канада – Словенија. Победникот од натпреварот Србија – Литванија во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот Канада – Словенија, а поуспешниот од дуелот Италија – САД со победникот од натпреварот Германија – Летонија. Полуфиналните дуели се закажани в петок, а мечевите за бронзениот, односно златниот медал ќе се играат в недела во Филипини. Г.И.