По поразите од Израел и од Естонија, Македонија денеска го игра последниот меч во Талин, против Чешка (15 ч.)

КОШАРКА – ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛОИ 2024

Шансите на македонската машка кошаркарска репрезентација по двата пораза, од Израел (65-87) и од Естонија (59-83), во рамките на претквалификациите за пласман на Олимписките игри (ОИ) 2024, кои се играат во Талин (Естонија), се сведоа во рамките на теоријата и се многу тешко остварливи. Како што е познато, само првопласираните две репрезентации ќе продолжат во Полска на следниот фајналфор-турнир, од каде што само победникот ќе настапи в година во квалификациите за ОИ 2024. Црвено-жолтите за да бидат втори во Талин би требало денеска (15 ч.) да ја победат солидната Чешка со најмалку 45 коша разлика, а притоа и Естонија да загуби од Израел, што во ваков играчки состав на избраниците на Александар Јончевски е речиси тешко замислива мисија. Г.И.


Резултати второ коло

Израел – Чешка 80-67
Естонија – Македонија 83-59
Двојки, денеска
Чешка – Македонија 15 ч.
Израел – Естонија 18 ч.

ТАБЕЛА
Израел 2 2 0 166-132 4
Естонија 2 1 1 157-136 3
Чешка 2 1 1 144-154 3
Македонија 2 0 2 124-170 2