КОШАРКА

Германецот Дирк Новицки, Французинот Тони Паркер, Шпанецот Пау Гасол се НБА-легендите од Европа номинирани за влез во Куќата на славните на кошарката во Спрингфилд (САД), а на списокот од балканските простори се Мирза Делибашиќ и тренерите Душан Ивковиќ и Ранко Жеравица. Листата на играчи за 2023 година ја предводи Двејн Вејд, а номинирани, меѓу другите, се и Чонси Билапс и легендарниот тренер на Сан Антонио, Грег Попович.
Листата со финалисти треба да биде објавена на 17 февруари, за време на олстар-викендот во Солт Лејк Сити, а класата 2023 за влез во Куќата на славните (има повеќе од 100 кандидати во сите категории заедно) треба да биде објавена на 1 април, за време на финалето на натпреварот во НЦАА-лигата, во Хјустон. Церемонијата на свечениот прием во Куќата на славните, пак, треба да се одржи во Спрингфилд, на 12 август в година. Г.И.