Фото: Маја Јаневска-Илиева

Имаме големи очекувања, но одиме чекор по чекор и не мислиме на крајниот исход. Сега сме фокусирани само на Естонија, а потоа ќе размислуваме на следниот противник, вели дебитантот во репрезентацијата Итан Хап, пред вечерашниот меч (од 19 ч.) со Естонија во Скопје

КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО В ГОДИНА

Македонската машка кошаркарска репрезентација ги заврши мини-подготовките за првите два меча, вечерва со Естонија, во Скопје (СРЦ „Кале“, од 19 ч.) и на гости со Полска, в понеделник, во квалификациите за Европското првенство (ЕП) в година. Црвено-жолтите досега настапија на пет европски првенства, а најдобриот пласман го остварија на ЕП 2011 во Литванија, со освоеното четврто место.
Ново име во македонската репрезентација е центарот Итан Хап, кој веќе одработи неколку тренинзи.
– Среќен сум, ова е возбудливо за сите нас, а особено за мене, бидејќи е голема чест што сум Македонец и што ќе играм за Македонија. Презадоволен сум од приемот овде. Работиме на хемијата во тимот, имаме само неколку дена, но се обидуваме максимално да ги искористиме. Естонија има многу талентирана репрезентација. Во минатото таа не беше кошаркарска земја, но во моментов има добар состав, со неколку квалитетни евролигашки кошаркари, па ќе мора да „извадиме“ сѐ од себе за добар резултат.

Имаме големи очекувања, но одиме чекор по чекор и не мислиме на крајниот исход. Сега сме фокусирани само на Естонија, а потоа ќе размислуваме на следниот противник. Се надевам дека ќе бидеме максимално подготвени против Естонија – вели Хап, пренесе Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ)
Естонија има шест настапи на ЕП, двапати била петта (во 1937 и во 1939 година) и еднаш шеста (1996-та). Натпреварот денеска ќе биде 11-ти меѓусебен на Македонија и Естонија во квалификациски циклуси, а вкупниот резултат е 6-4 за Естонците. Естонската репрезентација, на чело со финскиот селектор Јука Тоијала, никогаш не била двапати во низа на ЕП, има осум кошаркари над два метра во составот. Највозрасниот играч Слим Вандер Вене има 33 години, а најмлади се Каспер Сурорг и Јоанас Рисма со по 21 година. Највисок е Маик Калев Котсар (211 см), а најнизок Марк Розентал (192 см). Македонија, пак, повеќе ќе се фокусира на играта на брзите бекови и нивниот прецизен шут од далечина.
Македонија е во групата Х, во која е и селекцијата на Литванија. На ЕП 2025 ќе играат двете најдобропласирани од оваа група, како и Полска, како еден од четирите кодомаќини на континенталниот шампионат (заедно со Финска, Кипар и со Летонија).
Билетите за натпреварот со Естонија се пуштени во продажба на онлајн платформата „Мктикетс“, по цена од 250 денари. Г.И.


КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2025, ПРВО КОЛО

Група А (вчера): Словенија – Украина, Португалија – Израел
Група Б (вчера): Исланд – Унгарија, Италија – Турција
Група Ц (вчера): Словачка – Белгија, Шпанија – Летонија
Група Д (вчера): Шведска – Бугарија, Германија – Црна Гора
Група Е (денеска): Кипар – БиХ, Франција – Хрватска
Група Ф (денеска): В. Британија – Холандија, Грција – Чешка
Група Г (денеска): Данска – Грузија, Србија – Финска
Група Х: Литванија – Полска (вчера), Македонија – Естонија (денеска)