„ФОРБС“

Леброн Џејмс (37), 18-кратниот учесник на кошаркарските НБА олстар-мечеви, четирикратен шампион во НБА-лигата, освојувач на два златни медала на летни олимписки игри, достигна уште еден пресвртен момент, овој пат правејќи нешто што ниту еден друг НБА играч досега не го направил, пишува магазинот „Форбс“, кој проценува дека Џејмс официјално станал милијардер, додека уште игра под обрачите.
Џејмс, кој го пропушти плејофот само четврти пат во 19 сезони, е првиот активен НБА кошаркар кој се најде на листата на милијардери, Мајкл Џордан, единствениот друг кошаркарски милијардер, достигна десет цифри повеќе од една деценија откако се пензионира, благодарение на навремената инвестиција во кошаркарскиот тим Шарлот, пишува „Форбс“. Џејмс добил повеќе од 385 милиони долари плата од Кливленд, Мајами и од Лос Анџелес лејкерс, како најплатен активен играч во НБА, а надвор од терените заработил над 900 милиони долари, пишува „Форбс“.