Doncic Jokic
Фото: ЕПА

Српскиот кошаркар и член на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ и неговиот словенечки колега Лука Дончиќ, кој настапува за Далас Маверикс, се избрани за најдобар тим на НБА оваа сезона.

Освен нив, првите пет се Шаи Гилгеус-Александер (Оклахома Сити Тандер), Џанис Антетокунмпо (Милвоки Бакс) и Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс) – пренесе „Танјуг“.

Јокиќ по четврти пат во кариерата е во најдобрата петорка на НБА, а претходно беше избран во идеалниот тим во 2019, 2021 и 2022 година. Годинава тој повторно беше избран за најкорисен играч во лигата, третпат во кариерата.