Во моментов од Центарот за опрема на ФИБА се одобрени два стаклени пода. Едниот е стаклен спортски под со ЛЕД-линии за означување на теренот, а другиот целосен видеопод што овозможува и интерактивни апликации за тренинзи, како и дополнителни опции за рекламирање
Светската кошаркарска федерација (ФИБА) неодамна одобри правилата со кои стаклен ЛЕД-под сега може да се користи за мечевите на репрезентациите и во клупските натпреварувања на ФИБА. Новото правило ќе важи од 1 октомври годинава.
Традиционално натпреварите на првото ниво се играат само на дрвени подови, меѓутоа, со напредокот направен во технологијата на стаклениот под, дозволувајќи му на системот да ги исполни највисоките стандарди за безбедност и перформанси на играчите, организаторите на натпреварите наскоро ќе можат да изберат подови одобрени од ФИБА од дрво или од стакло за нивните следни мечеви.
Во моментов од Центарот за опрема на Светската кошаркарска федерација се одобрени два стаклени пода. Едниот е стаклен спортски под со ЛЕД-линии за означување на теренот, а другиот целосен видеопод што овозможува и интерактивни апликации за тренинзи, како и дополнителни опции за рекламирање.
Подот, исто така, има можност за додавање програми за следење на движењата на играчите на теренот, што овозможува прикажување на спортските достигнувања на теренот, обезбедувајќи им на гледачите подобрена интеракција и подобар ангажман, а индивидуалното осветлување на линиите за еден спорт на подот овозможува да бидат видливи само линиите на спортот што се игра, пишува ФИБА на својата интернет-страница.