КОШАРКА – НБА

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го загубија дерби-дуелот со Бостон (118-122), но она што остави посебен печат на овој меч е што Леброн Џејмс уфрли 33 поени и со тоа стигна на втората позиција по бројот на барем 30 поени на еден натпревар. Џејмс го стори тоа на 516 меча, со што за еден меч го надмина легендарниот Вилт Чемберлен, кој за да стигне до личниот рекорд му требаа вкупно 1.045 настапи, а на Џејмс 1.386. На оваа листа прв е Мајкл Џордан со 562 дуела со постигнати 30 и повеќе коша.
Никола Јокиќ го одигра најдобриот меч сезонава за својот Денвер во НБА-лигата, во победата над Вашингтон со 141-128 и сега тимот има 17 победи и 10 порази и е на третата позиција во Западната конференција, а ЛА лејкерс е на 12-та (11-16). Тој за 33 минути на теренот постигна 43 коша, имаше 14 скока, осум асистенции и пет освоени топки. По натпреварот, Јокиќ го доби трофејот „Мајкл Џордан“, за најкорисен играч (МВП) во минатата сезона, а сега официјално именуван по легендата во НБА-кошарката. Г.И.