Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе игра против Швајцарија и Словачка во претквалификациите за Светското првенство во 2023 година, како резултат на денешната ждрепка влечена во Берлин.

Црвено-жолтите се сретнаа со истите ривали и во претквалификациите за Европското првенство во 2022 година кога го освоија првото место во групата со три победи и еден пораз.

Пласман во квалификациите за СП 2023 ќе обезбедат двете најдобри селекции од групата.

Македонија во квалификацискиот циклус тргнува со новиот селектор Драган Бајиќ.

– За ова би го нарекол, прекратко време, веќе собрав неколку забелешки за нашите противници во претквалификациите. Јасно е дека станува збор за добро познати противници, селекции кои беа во истата линија со нашата селекција во претходниот квалификациски циклус за пласман на евробаскетот. Тоа би ребало да биде некоја олеснителна околност. Знам едно нешто. А тоа е, кога веќе сме влегле во една ваква работа, не треба да се плашиме од никој. Реков, респект за секого, но ние мора да изградиме едно високо ниво на самодоверба. Само така можеме да ги минуваме пречките кои стојат на нашиот пат – изјави Бајиќ по ждрепката.

Претквалификации за СП 2023

Група Д: Шведска, Португалија и Австрија

Група Е: Романија, Летонија и Белорусија

Група И: Црна Гора, Данска и Исланд

Група Ф: Македонија, Швајцарија и Словачка