Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) планира да воведе ново клупско натпреварување почнувајќи од 2021 година.

Засега не е познат каков ќе биде форматот, но бројот на екипи во евро-куповите би се проширил на 96.

– Зелено светло е дадено, одобрување е во тек. Сегашниот модел треба да се модернизира – рече официјалниот претставник на УЕФА и претседател на Јувентус Андреа Ањели.

Тој на Собранието на Европското здружение на клубови (ЕЦА) во Хрватска рече дека прво треба да се утврди календарот на натпреварите.

– Потребна е детална проценка на постојниот календар на меѓународни натпревари пред воведувањето на новиот модел – изјави Анели.

До 2008 УЕФА имаше три натпреварувања кога Купот Интертото беше укинат.
Во моментов се играат Лигата на шампионите и Лига Еврпа, а според проценките новото натпреварување би можело да се воведе најрано во 2021 година.