ФУДБАЛ
Премиерлигашите не ги прекршиле правилата за профит и одржливост
Англиската фудбалска Премиер-лига не казни ниту еден клуб за прекршување на правилата за профит и одржливост (ПСР), откако сите беа оценети дека се финансиски усогласени за сезоната 2023/2024, пишува „Би-би-си“. Повеќето клубови мораа да ги поднесат своите сметки за сезоната 2023/2024 до 31 декември и Премиер-лигата е задоволна што сите останаа во рамките на правилата. Според прописите на ПСР, клубовите не можат да забележат загуби од повеќе од 105 милиони фунти во период од три години. Евертон и Нотингем форест беа санкционирани во минатата сезона поради прекршување на ПСР и беа казнети со одземање осум, односно четири бода, пишува „Би-би-си“.Г.И.
ФУДБАЛ
Клубовите од Бундеслигата мора да придонесат за полициските трошоци за мечевите со висок ризик
Германските фудбалски клубови мора да го платат својот дел од зголемените полициски трошоци за време на натпреварите со висок ризик, соопшти во вторникот Федералниот уставен суд на земјата, ставајќи крај на спорот што се води над деценија околу тоа кој треба да го преземе дополнителниот финансиски товар од таквите мечеви, пренесе агенцијата „Ројтерс“. Судот одлучи дека законот на Бремен од 2014 година, според кој клубовите мора да го платат својот дел од таквите зголемени трошоци, е во согласност со Уставот. Отфрлена е уставната жалба поднесена од Германската фудбалска лига, која ги води првите две професионални дивизии. Спорот датира од тој закон на Бремен, кој им одреди на професионалните фудбалски клубови финансиски да придонесат за зголеменото распоредување на полицијата потребно за натпреварите што се сметаат за ризични. Досега Бремен е првата сојузна држава што воведе такви плаќања за кој било профитен голем настан со повеќе од 5.000 гледачи, кој, врз основа на искуството, може да доведе до насилство, пренесе „Ројтерс“. Г.И.