Фото: Архива/Маја Јаневска-Илиева

Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај Хрватска со убедливи 0-3 (0-2) во пријателски натпревар одигран во Риека.

Хрватска денеска ја оправда фаворитската улога и не дозволи изненадувања, а Македонија немаше некоја посериозна шанса за гол.

Во 10-та минута Ловро Мајер со гол од слободен удар го отвори резултатот. Истиот играч зголеми на 2-0 во 45-та минута, додека потврда на победата стави Марио Пашалиќ во 79-та минута.

Следниот натпревар на Македонија е на 10 јуни на гостински терен кај Чешка.