Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ – РАНГ-ЛИСТА НА ФИФА ЗА СЕПТЕМВРИ

Македонската репрезентација остана на 72-то место на септемвриската ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), со 1.351,18 поени. Нема промени меѓу првите 15 репрезентации во светот, убедливо води светскиот првак Аргентина, со 1.889,02 поени, 37 повеќе од второпласираната Франција, а потоа на листата на ФИФА за септември до 10-то место се репрезентациите на Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и на Италија. Следното рангирање треба да биде објавено на 24 октомври, објави Светската фудбалска федерација.