Трајковски го постигна 21-от гол во дресот на репрезентацијата на Македонија / Фото: Игор Бансколиев

Македонија славеше на дуелот со Ерменија со 3-1, во Струмица

Македонската фудбалска репрезентација ја забележа 40-та победа во пријателски натпревари, откако славеше на дуелот со селекцијата на Ерменија, со 3-1, во Струмица, во вторникот. Во 111-от тест-дуел на Македонија досега, стрелци на головите беа Александар Трајковски во 43. минута, Милан Ристовски во 59-та и Ердон Даци во 88. минута. Елиф Елмас асистираше при првиот и при третиот гол, а пред вториот погодок ја погоди стативата. Стрелец на голот за Ерменија беше Едуард Спертсјан во 94. минута.
Тоа беше 13-ти меѓусебен дуел на Македонија и Ерменија, прв пријателски меч, откако претходните 12 средби беа во квалификации за светските и за европските првенства и во Лигата на нациите (по четири во секое натпреварување). Македонија има шест победи, три средби завршија со реми, а Ерменија забележа четири победи.
Тоа беше вкупно 280-от натпревар на Македонија, која сега има 88 победи. Следните мечеви за црвено-жолтите се двата дуела во ноември, со Италија на гости и со Англија дома, во квалификациите за пласман на Европското првенство в година во Германија. Н.М.