Фото: ЕПА

ПРВЕНСТВО НА САД ЗА ФУДБАЛЕРКИ

Канзас сити на македонскиот тренер Влатко Андоновски забележа нова победа во првенството на САД за фудбалерки, остана непоразен сезонава и го задржа првото место. Канзас сити победи со 1-0 дома на дуелот со Северна Каролина во Националната женска фудбалска лига и со Орландо се двата тима без пораз по девет кола, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Двата тима имаат по шест победи и три ремија. Тимот на Андоновски досега постигна 22 гола, повеќе од кој било друг тим во лигата и го имаше вториот натпревар во низа без примен гол.
– Тренерот во мене вели дека секогаш можеме да бидеме подобри – рече Андоновски, пренесе АП. Н.М.