Во трка за наградата најдобар фудбалер се Меси, Мбапе и Холанд, а за најдобра фудбалерка Бонмати, Хермосо и Каиседо. ФИФА ќе додели награди и за најдобар голман и голманка, потоа за тренери на машка и на женска екипа, потоа наградата „Пушкаш“ за најубав гол, награда за навивачи… Церемонијата на ФИФА за доделување на признанијата е закажана за 15 јануари во Лондон

 ФУДБАЛ

Наградата за најдобар фудбалер на годината во избор на Светската фудбалска федерација (ФИФА) за 2023 година ќе биде уште еден натпревар помеѓу Лионел Меси (Аргентина), Килијан Мбапе (Франција) и Ерлинг Холанд (Норвешка).
ФИФА го објави потесниот круг со истите први тројца во гласањето како и за наградата „златна топка“, која ја освои Меси во октомври, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
Во потесниот избор за најдобри фудбалерки се наоѓаат две победнички на Светското првенство во 2023 година, Аитана Бонмати и Џени Хермосо од Шпанија, и Линда Каиседо од Колумбија.
Бонмати ја освои и „златната топка“ во октомври, плус наградата на Европската фудбалска унија (УЕФА) во август како најдобра фудбалерка во Европа за минатата сезона, во која таа ја освои и Лигата на шампионите, со Барселона, пишува АП.
Светската фудбалска федерација ќе додели награди и за најдобар голман и голманка, потоа за тренери на машка и на женска екипа, потоа наградата „Пушкаш“ за најубав гол, награда за навивачи…
Церемонијата на ФИФА за доделување на признанијата е закажана за 15 јануари в година во Лондон. Во гласањето учествуваа капитените и селекторите на репрезентациите, избрани новинари, како и гледачите преку онлајн анкета, објави АП.