Фото: ЕПА

ФУДБАЛ – ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН ЈА ОДБРАНИ ЕВРОПСКАТА ТИТУЛА

  • Пари сен Жермен е вториот тим во ерата на ЛШ што ја одбрани титулата, вкупно деветти, а Енрике сега е еден од петте тренери што освоиле барем три европски титули

Мислам дека финалето беше на високо ниво, против еден од најтешките противници, особено откако примивме гол во првите десет минути. Нивниот план беше совршен, нѐ стави во тешка ситуација. Се подобривме во второто полувреме, но кога се соочувате со Арсенал, со нивниот низок блок, нивната физичка способност и нивната одлична одбрана, не е мал подвиг тоа што го направивме. За пеналите, сакавме да влеземе со бистра глава. Беше тежок натпревар. Игравме против најсилниот тим од прекини во Европа, но мислам дека успеавме да доминираме. Го заслужуваме трофејот, нашата втора победа во Лигата на шампионите. Можеме да зборуваме за трета титула во низа, среќни сме што ги имаме овие цели, бидејќи клубот и навивачите се достојни за тоа. Мислам дека заслуживме, можеби денес двата тима заслужија да победат, но според начинот на кој игравме цела сезона, мислам дека заслуживме да ја освоиме Лигата на шампионите. Многу сме среќни и се обидуваме да бидеме таму следната година, зошто да не, изјави Луис Енрике, тренерот на Пари сен Жермен, пренесе Европската фудбалска унија (УЕФА).
Пари сен Жермен ја одбрани титулата во Лигата на шампионите (ЛШ) откако го победи Арсенал на пенали со 4-3 во финалето на годинашната ЛШ во Будимпешта. Натпреварот по 120 минути игра беше нерешен, 1-1. Пари сен Жермен е вториот клуб во ерата на ЛШ (од 1993 година) што ја одбранува титулата, откако тоа претходно го направи Реал Мадрид, а вкупно деветти клуб, заедно со Бенфика, Интер, Ајакс, Баерн, Ливерпул, Нотингем форест и Милан. Рекордот на Барселона од постигнати 45 гола во сезоната 1999/2000 е изедначен од Пари сен Жермен сезонава. Енрике, пак, сега е еден од петте тренери што освоиле повеќе од две европски титули, заедно со Карло Анчелоти (пет трофеи), Боб Пејсли, Зинедин Зидан и Пеп Гвардиола (сите по три). Н.М.


ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ

Реал Мадрид 15
Милан 7
Ливерпул 6
Баерн 6
Барселона 5
Ајакс 4
Интер 3
Манчестер ј. 3
Бенфика 2
Нотингем ф. 2
Јувентус 2
Порто 2
Челси 2
Пари сен Жермен 2
Селтик 1
Феенорд 1
Астон вила 1
Хамбургер 1
Стеауа 1
ПСВ Ајндховен 1
Црвена звезда 1
Марсеј 1
Борусија Д. 1
Манчестер сити 1
Извор: УЕФА

ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, СЕЗОНА 2025/2026

Осминафинале
Пари сен Жермен – Челси 3-0, 5-2
Баер – Арсенал 1-1, 0-2
Бодо/Глимт – Спортинг 3-0, 0-5
Галатасарај – Ливерпул 1-0, 0-4
Реал М. – Манчестер с. 3-0, 2-1
Њукасл – Барселона 1-1, 2-7
Аталанта – Баерн 1-6, 1-4
Атлетико М. – Тотенхем 5-2, 2-3
Четврт-финале
Пари сен Жермен – Ливерпул 2-0, 2-0
Спортинг – Арсенал 0-1, 0-0
Реал М. – Баерн 1-2, 3-4
Барселона – Атлетико М. 0-2, 2-1
Полуфинале
Пари сен Жермен – Баерн 5-4, 1-1
Атлетико – Арсенал 1-1, 0-1
Финале
Пари сен Жермен – Арсенал 1-1 (4-3 п.)


ТРЕНЕРИ СО НАЈМНОГУ ЕВРОПСКИ ТРОФЕИ

Карло Анчелоти 5 (два со Милан, три со Реал Мадрид)
Боб Пејсли 3 (Ливерпул)
Зинедин Зидан 3 (Реал Мадрид)
Пеп Гвардиола 3 (два со Барселона, еден со Манчестер сити)
Луис Енрике 3 (еден со Барселона, два со Пари сен Жермен)


ОСВОЈУВАЧИ НА ЕВРОПСКИ ТИТУЛИ ВО НИЗА

КЛУБ ГОДИНИ
Реал М. 1956, 1957, 1958, 1959, 1960
Бенфика 1961, 1962
Интер 1964, 1965
Ајакс 1971, 1972, 1973
Баерн 1974, 1975, 1976
Ливерпул 1977, 1978
Нотингем форест 1979, 1980
Милан 1989, 1990
Реал Мадрид 2016, 2017, 2018
Пари сен Жермен 2025, 2026