ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ ЗА ЖЕНИ

Сент Полтен првпат е во осминафиналето на Лигата на шампионите за фудбалерки, заедно со Лион, Волфсбург, Барселона, ПСЖ, Баерн, Манчестер сити и со Челси. Австрискиот Сент Полтен напредуваше во осминафиналето првпат во седмиот обид и е единствената екипа досега што е осминафиналист и настапи во квалификациските рунди, иако дебитантот Валеренга може да им се приклучи ако го победи Брондби, пишува УЕФА. Ждрепката за осминафиналето треба да биде влечена на 16 февруари, а дуелите се закажани за 3 и 4 март, односно за 10 и 11 март.