Баерн Минхен потврдија дека нивниот легендарен напаѓач, Герд Милер починал на 75 години во неделата наутро, збогувајќи се со легендата.

Милер, со прекар „Дер бомбер“, постигна неверојатни 566 гола во 607 натпревари за Баерн Минхен од 1964 до 1979 година, освојувајќи четири титули од Бундеслигата и три европски круни, а за репрезентацијата на Западна Германија постигна 68 гола во 62 настапи. Тој ја освои „Златната топка“ во 1970 година, за на Светското првенство во 1974 година да постигне четири гола и да помогне да ја совладаат фаворизираната Холандија во финалето.
Од 2015 година, Милер се бореше со Алцхајмеровата болест, и пред неколку месеци беше потврдено дека му е влошена здравствената состојба.

„Денеска светот на Баерн Минхен застана. Денеска жалиме за Герд Милер, кој почина во неделата наутро на 75 години. Тој направи историја со Баерн и со германската репрезентација“, се вели во објавата на Баерн Минхен.