Извршниот одбор на Европската фудбалска федерација (УЕФА) на денешниот состанок преку видеоврска со 55 земји членки донесе одлука да го одложи Европското првенство за наредната година.

УЕФА се реши на ваков чекор за да им даде простор на националните сојузи да ги завршат првенствата. Континенталниот шампионат ќе одржи во 2021 година.

Попладнево е решено ЕП 2021 да се игра од 11 јуни до 11 јули в година.