Поранешниот фудбалер на Челси, Дидие Дрогба (42), активно се вклучи во борбата против коронавирусот во своето родно место Абиџан (Брегот на Слоновата Коска). Под патронат на неговата фондација веќе се гради болница, која сега ѝ е понудена на државата во борбата со вирусот. Болницата, иако уште не е завршена, сепак во овој кризен период може да се користи за згрижување пациенти.

Дрогба во текот на својата фудбалска кариера играл за Ле Ман, Марсеј, Челси, Галатасарај, Шангај, Монтреал и за Феникс. За екипата од „Стемфорд Бриџ“ одигра 340 натпревари и постигна 157 гола, а во 2012 година триумфира и во Лигата на шампионите (ЛШ). Националниот дрес го носел 105 пати и 65 пати ја погодил противничката мрежа.