Централниот бек на Шведска, Џим Готфридсон е прогласен за најкорисен (МВП) играч  на Европското првенство во Унгарија и Словачка пред почетокот на денешното финале во кое Шведска ќе се судри со актуелниот шампион Шпанија.

Во досегашниот дел од турнирот Готфридсон пред имаше 33 гола и 47 асистенции и вторпат се стекнува со ова престижно признание по ЕП 2018 година, кога Шведска загуби во финалето (од Шпанија).

Тој е третиот ракометар кој вторпат ја освојува оваа награда по Хрватот Ивано Балиќ (2004 и 2006) и Французинот Никола Карабатиќ (2004.2006).

Идеален тим на ЕП 2022:

Голман  Виктор Халгримсон (Исланд)
Лево крило  Милош Вујовиќ (Црна Гора)
Лев бек  Микел Хансен (Данска)
Централен бек  Лук Стеинс (Холандија)
Десен бек  Матијас Гидсел (данска)
Десно крило  Алекс Гомез (Шпанија)
Пикер  Јоханес Гола (Германија)