Фото: Пиксабеј

Животни

Зошто некои луѓе сакаат да чуваат миленичиња, а други не се заинтересирани. Џон Бредшо, професор по антрозоологија на Универзитетот во Бристол, во текот на своето истражување дошол до интересни откритија на оваа тема. Според него, некои луѓе, без оглед на начинот на воспитување, имаат предиспозиции да бараат друштво покрај животните, а некои не.
Џон посочува дека неодамнешните истражувања покажале дека љубовта кон миленичиња оди рака под рака со грижата кон природата. Тој тврди дека луѓето најверојатно се грубо поделени на оние што не се грижат толку многу за животните и за животната средина, и на оние што уживаат во двете работи преку процесот на посвојување домашни миленици, како едно од ретките вложувања достапни во урбанизираното општество.
Џон нагласува дека миленичињата можат да им помогнат на луѓето да се поврзат со природата од која потекнуваат и се развиле.