Здрава храна
Магнезиумот е неверојатно важен за правилно функционирање на телото. Со оглед на неговото значење за организмот, недостигот од овој минерал се манифестира преку депресија, грчеви во мускулите, аритмија, варење, а долгорочно може да доведе до посложени болести.
Храната како темно чоколадо, авокадо, листен зеленчук, јаткасти плодови, семки, банани, содржи многу магнезиум, а доколку немате такви намирници, можете да направите пијалак што ќе го компензира магнезиумот во организмот. За пијалакот ќе ви бидат потребни следните четири состојки: 25 грама семки од тиква, 200 милилитри бадемово млеко, две лажици ленено семе и портокал.
Во блендер ставете ги семките од тиква и ленот и додајте го сечканиот портокал. Потоа истурете го бадемовото млеко и матете околу 30 секунди. Добиениот пијалак нека отстои неколку минути. Експертите советуваат пијалакот да го консумирате наутро, за да имате доволно енергија во текот на денот и да бидете расположени.