Во последно време на социјалните мрежи се споделува магичен пијалак што го забрзува метаболизмот и помага при слабеење, а е направен од мед, цимет и вода.
Меѓутоа нема доволно докази дека овие две состојки во комбинација помагаат при слабеење, но имаат некои други придобивки. Така, циметот и медот се одлични за здравјето и можат да имаат антиинфламаторно дејство.
Циметот е зачин што често се користел во минатото и има многу лековити својства. Истражувањата покажуваат дека има антимикробно и антипаразитско дејство, содржи антиоксиданси, ги намалува крвниот притисок и холестеролот. Може да помогне и во заздравување на раните.
Медот исто така има голем број придобивки. Тој е антимикробно средство кога се применува локално. Поради својата густина, ниската пеха-вредност и водородот пероксид произведен од неговите ензими може да спречи бактериска инфекција. Исто така е одличен сојузник во сузбивањето на кашлицата.
Иако постојат голем број тврдења за тоа како циметот и медот влијаат на метаболизмот, нивното заедничко дејство сè уште не е доволно истражено. Студија од 2011 година покажа дека замената на шеќерот со мед може да спречи зголемување на телесната тежина. Од друга страна, циметот е познат како состојка што помага во намалување на шеќерот во крвта.