Фото: Пиксабеј

Здрава храна

Дали некогаш сте се запрашале дали посегнувањето по конзервиран ананас или некое друго овошје во конзерва е добар избор за вашето здравје? Овде можете да дознаете за здравствените придобивки од конзервираното овошје, како и за вообичаените заблуди, како и да добиете практични совети за вклучување на конзервираното овошје во здравата исхрана. Постојано слушаме дека свежото е најдобро, но и конзервираното овошје може да биде исто толку хранливо.
Конзервираното овошје обезбедува јаглехидрати за енергија, влакна за варење и витамини и минерали што нѐ одржуваат здрави. Овошјето што се конзервира се бере во фазата на врвна зрелост, а потоа се конзервира за само неколку часа. Ова помага да се обезбеди тоа да ја задржи својата хранливост. Бидејќи е спакувано во фазата на својата врвна свежина, можете да продолжите да го јадете без да се грижите дека е нездраво.
Исто како и свежото и замрзнатото овошје, конзервирано овошје е одличен извор на есенцијални хранливи материи како што се влакна, витамини и минерали. Овошјето и зеленчукот го поддржуваат нашето целокупно здравје и помагаат да се намали ризикот од одредени болести како што се кардиоваскуларните болести. Дури и кога се конзервирани, овошките ја имаат истата придобивка, покажаа истражувањата.
Во прегледот од 2020 година објавен во „Нутришнс“ е докажано дека зголемувањето на внесувањето овошје и зеленчук (вклучувајќи го и конзервираното овошје) може да промовира и подобро ментално здравје.