Здрава храна
Грозјето нуди голем број здравствени придобивки, бидејќи е високонутритивно и има многу антиоксиданти. Меѓу другото, грозјето е здраво за нашето тело. Една чинија грозје, или околу 151 грам зелено грозје содржи: 104 калории, 27,3 грама јаглехидрати, 1,1 грам протеини, 0,2 грама масти, 1,4 грам влакна, 27 отсто од дневната препорачана доза витамин Ц, 28 отсто од препорачаната дневна доза витамин К, 7 отсто од дневната препорачана доза тијамин, 6 отсто од дневната препорачана доза рибофлавин, 8 отсто од дневната препорачана доза калиум, 10 отсто од дневната препорачана доза бакар и 5 отсто од дневната препорачана доза манган. Грозјето содржи витамин Ц, бета-каротин, лутеин, ликопен.
Исто така, грозјето има големо количество моќни антиоксиданти, всушност повеќе од 1.600 здрави антиоксиданти. Најголемиот број се во лушпата и семките. Црвеното грозје содржи најголем број антиоксиданти. Антиоксидантите ги има дури и по неговото обработување, како што е ферментацијата, па затоа и црвеното вино е високо со нутриенти.
Затоа грозјето е здраво за срцето, го намалува крвниот притисок и штити од канцер. Една студија направена на 30 луѓе над 50 години покажала дека јадењето 450 грама грозје дневно, во период од две недели, ги намалило тумор-маркерите за канцер. Меѓу бенефициите од јадење грозје е и намалување на крвниот притисок, на холестеролот и на нивото на шеќер во крвта. Ова вкусно овошје содржи нутриенти добри за коските, а може да штити од бактерии и вируси.