Здрава храна
Една намирница речиси секогаш е на листата на најздрави, а сега истражувачите открија дека таа може значително да го подобри имунитетот, дури и во мали количества.
Ѓумбирот го помага имунитетот при борба против инфекции. Дејствува на рецепторот наречен ТРПВ1, кој се наоѓа на површината на нервните клетки и во белите крвни зрнца, кои во голема мера се одговорни за борба против инвазивните бактерии, пишува „ПабМед“.
– Нашите резултати покажаа дека внесувањето ѓумбир во телото може да го модулира имунолошкиот одговор – рече докторката Габи Андерсон.
Дури и мала концентрација на ѓумбир во крвта ги става белите крвни зрнца во висока готовност, што ги прави поефикасни во борбата против бактериите.
Исто така, претходно беше откриено дека ги ублажува менструалните болки, мигрените и кардиоваскуларните болести. Секако, ќе забележите и позитивни промени доколку земете концентриран екстракт од ѓумбир.
Одличен е за апсорпција на хранливите материи од храната и за запирање на подждригнување и повраќање, а со тоа ги лекува стомачните проблеми. Ги ублажува надуеноста и гасовите, а позитивно влијае и на регулирање на апетитот.