Фото: Пиксабеј

Техно

„Самсунг“ има богата историја кога станува збор за телефоните на преклопување, а сега јужнокорејската компанија му оддаде почит на еден од своите највлијателни модели, „самсунг Е700“, кој се појави пред две децении.
Станува збор за ограничениот модел „галакси З флип5 ретро“, кој го красат добропознатите индигосини и сребрени бои, исто како што беше случајот со моделот Е700, а има и графички модификации со пиксели на корисничкиот интерфејс и анимацијата на градскиот пејзаж на екранот Флекс виндоус, кои навистина предизвикуваат носталгија.
„Самсунг“ го испорачува паметниот телефон во убава кутија со логоа на моделите „З флип5“ и „Е700“, како и картички флипсут со етикети на поранешните логоа на „Самсунг“. Дел од пакетот е колекционерска картичка на „самсунг Е700“, со изгравиран единствен сериски број.
„Галакси З флип5 ретро“ е достапен во ограничени количества во Јужна Кореја од 1 ноември, како и во Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Австралија од 2 ноември. Клиентите на овие пазари можат да го купат уредот преку официјалната интернет-страница на „Самсунг“.