Техно

Компанијата „Гугл“ се подготвува да воведе нова функција што се однесува на поврзувањето на уредите со андроид поврзани со еден профил.
Тоа е нешто слично на постојната функција „континуитет“ на „Епл“, која им овозможува на корисниците да примаат повици на својот ајфон преку своите мек и ајпед сè додека се поврзани на истата мрежа.
Поврзувањето на сите уреди со андроид на еден профил на „Гугл“ ќе овозможи функции како што се префрлување повици и споделување на интернет. Првата функција многу зборува за своето име, додека втората ќе биде лесен начин за споделување на мрежата на главниот уред со други уреди со андроид, исто како што тоа го прави хотспот.
Сликата од екранот сугерира дека функцијата „префрлување повици“ ќе работи на различни телефони со андроид, додека решението на „Епл“ не дозволува примање повици од друг ајфон, туку е ограничено на ајпед, мек и мекбук.
Иако „Гугл“ не објави планови за таква функција, аналитичарот Мишал Раман тврди дека функцијата „поврзете го вашиот уред“ ќе се појави во подменито поставки – Гугл – уреди и споделување.