Нега и убавина
Краевите на косата имаат тенденција да се расцветуваат и се први на удар кога одиме на фризер. Но, пред да го направите тоа, можете сами да го проверите квалитетот на вашата коса.
Многу е едноставно – ставете ги врвовите на косата во чаша вода! На тој начин можат да се случат две работи. Или косата ќе лебди, во тој случај е здрава и нема простор за загриженост, или ќе потоне, во тој случај треба да се направи нешто, односно треба да го посетите вашиот фризер.
Ако потоне, значи дека е порозна и врвовите треба да се скратат. Но, ако косата е во таа состојба, може да се види обично и без слични трикови, изгледа бушаво и е многу нескротлива.
Кога врвовите се испукани, нема друг излез освен потстрижување. Можеме да ги маскираме со разни масла и серуми, но треба да се скратат за целата коса да биде убава и здрава. Во спротивно, врвовите ќе продолжат да се раздвојуваат и да пукаат.