Нега и убавина

Седите влакна не им се многу омилен „детаљ“ во косата на многу дами. Сепак можете да ги победите. Дознајте како да ги покриете седите влакна на природен начин, без да ги бојосувате.
По триесеттата година, шансите за побелени влакна се зголемуваат дури за 20 проценти. Има и такви што прво ќе го забележат побелувањето на помлада возраст. Кога ќе ги добиете првите седи влакна зависи од многу фактори. Еден од нив е секако генетиката.
Ако имате многу лица во вашето семејство што се целосно седи или кои почнале многу рано да ги добиваат седите влакна, постои голема веројатност тоа да ви се случи и вам.
Постојат различни трикови за прикривање, а ние издвоивме еден генијален, предложен од Мет Њуман, популарен њујоршки фризер. Тој советува да ги покриете со тонирачки гел за веѓи. Освен што ќе ги скрие седите влакна, гелот за веѓи визуелно ќе ја направи косата погуста.
Доколку гелот го користите на коренот на косата, освен што визуелно ќе ја направите косата пополна и погуста, ќе ја скриете и седата коса. Бојата на гелот мора да одговара на остатокот од косата, за ефектот да биде што поприроден и поубедлив.