Фото: Пиксабеј

Нега и убавина

Еден пијалак за многу кратко време стана популарен бидејќи голем број жени потврдиле дека по редовното консумирање забележале дека тенот им е подобар, а притоа побрзо слабееле, па многумина го нарекуваат ботокс во чаша.
Сигурно веќе знаете дека за убав и свеж тен и за спречување на брчките многу е важно што внесувате во вашето тело, покрај вашата генетика и рутина за нега на кожата. Впрочем, многу често истите фактори влијаат и на виталноста на целото тело. Затоа и не е чудно што еден пијалак стана популарен речиси прекуноќ, а илјадници жени потврдија дека забележуваат огромна разлика кога се прашање лицето и телото.
Состојки:
2 излупени портокали
4 – 6 моркови или половина пакување мини-моркови
3 сантиметри исечен ѓумбир
1/3 чаша вода
Приготвување:
Сите состојки ставете ги во соковник, а потоа процедете ги. Ако немате апарат за цедење, можете да ја процедите добиената смеса преку газа или чиста памучна крпа. Се консумира еднаш дневно, а идеално би било пред спиење, за здравите состојки да ја направат својата „магија“. Доколку комбинацијата ви е јака, најдобро е да започнете три пати неделно, па постепено да ја зголемувате, а во рок од еден месец ќе забележите промена на изгледот на кожата и телото.
Сите состојки во овој пијалак се богати со витамин Ц и го поттикнуваат производството на колаген, за кој е познато дека влијае на убавината на кожата, косата и ноктите. Научно е докажано дека витаминот Ц ја зголемува синтезата на колагенскиот протеин, кој служи за обновување на оштетената кожа. Кога додаваме витамин Ц од портокал и ѓумбир и витамин Б од морков, добиваме формула што одлично влијае на целокупниот изглед на нашето лице.