Нега и убавина
Сушењето на косата е една од оние вообичаени секојдневни активности што ги правиме речиси цел живот, па честопати не сме премногу свесни како точно да го правиме тоа. Меѓутоа експертите укажуваат на фактот дека многумина, токму поради рутината, често прават голема грешка, што резултира со сува и оштетена коса. Ова е проблем што фризерите често го забележуваат кај своите клиенти.
– Една од моите клиенти со прекрасна силна коса до рамениците постојано има проблем со косата на предниот дел, која е оштетената и кршлива. Мене тоа ми немаше смисла бидејќи целата нејзина коса расте многу здрава, но предните делови постојано се кинат – објаснува една фризерка за списанието „Гламур“.
Таа понатаму додава дека истата клиентка дошла во салонот и побарала голема тркалезна четка за стилизирање.
– Таа рече дека нејзината четка трае четири-пет месеци пред да мора да ја замени со нова. Тоа ми беше многу чудно, со оглед на тоа што моите траат 20 години, а професионално ги користам секој ден. Ја замолив да ја донесе старата четка за да можам да ја видам. Видов дека големата четка станала четка со средна големина додека крутите најлонски влакна се стопиле до половина. Фенот што таа го користела бил премногу жежок и четката почнала да се топи. Ако тоа се случува со четка, замислете што и прави таквата температура на вашата коса – објаснува таа.
Експертите истакнуваат дека една вообичаена грешка што сите ја правиме е претерано жешката температура на фенот, преблискиот контакт со косата и предолгото задржување на фенот на косата. Оваа практика е особено штетна за расцветана коса, а директното нанесување фен на косата предизвикува прекумерно сушење и оштетување на косата.
Според препораките на фризерите, решението лежи во отфрлање на додатокот за сушење, одржување поголемо растојание помеѓу косата и фенот и избегнување топлински методи за стилизирање како што се фен, пегла или фигаро за виткање. Наместо тоа, се препорачува сушење на косата на природен начин.