Фото: Принтскрин

Велат дека довербата (покрај автентичноста, храброста, карактерот, одлучноста…) е една од најбитните карактеристики на човечкото суштество. За да се стекне, потребно е да поминат многу време и многу ситуации на начин што е претходно договорен. Секое отстапување од договореното значи и губење на довербата, некогаш одеднаш, некогаш малку по малку, која е двонасочна. Ако не постои доверба, прашање на време е кога врската ќе се распадне Кога довербата е на високо ниво, комуникацијата оди лесно, брзо и ефикасно. Но исто така треба да се има и отворен ум, кој може да подари доверба и да остане ранлив, но да не биде застрашен. Зошто да имаме доверба во стандардите?

Затоа што се направени од најдобрите експерти во својата област од целиот свет, кои ги слушаат барањата на заинтересираните страни, кои веднаш кога ќе се појави системски дефект во самиот стандард работат на негово решавање, каде што се користат најновите технолошки достигнувања, менаџирани од институции постари од стотина години (ISO, IEC , CEN, CENELEC, ETSI, ITU). Нели е тоа таа двонасочна доверба , каде што слушаш и каде што те слушаат и работат на нивно подобрување.

Стандардите ја градат довербата, која ја црпат од искуството во минатото, и ја создаваат иднината. За да навлеземе подетално во светот на стандардите, Институтот за стандардизација организира промоција, која ќе се одржи на Техничкиот факултет во Битола. На тој настан вработените од Институтот за стандардизација ќе навлезат подлабоко во маѓепсниот свет на стандардизацијата. Сите заинтересирани страни може да дојдат на Техничкиот факултет во Битола на 22 септември во 11 часот. Влезот е бесплатен, а вие добивате неколку часа чисто знаење и искуство, кое може да го примените на вас и вашата компанија/организација, за вашите проекти, научни истражувања, подобрувања на перформансите, поголема ефикасност и економичност. Дојдете за заедно да ја доизградиме довербата.

Љупчо Давчев