Нега и убавина
Голем број жени по 40-та година се соочуваат со појава на брчки. Кај некои се повидливи, а кај други само се наѕираат. Меѓутоа, на секоја жена ѝ е во интерес да ги ублажи. Затоа стручњаците препорачуваат здрава исхрана, квалитетен сон и пиење поголеми количества вода. Издвојуваме четири чекори како да бидете поефикасни.
1. Чоколадо: верувале или не, антиоксидантите што се наоѓаат во какаото можат да го поттикнат производството на колаген, а тој го спречува создавањето брчки. Затоа стручњаците препорачуваат да јадете темно чоколадо.
2. Поретко миење на лицето: со честото миење на лицето ги отстранувате природните масла и влагата од кожата, кои помагаат во заштитата од создавање брчки.
3. Јадете риба: мрсните риби, како туна, лосос и сардина, содржат омега 3 масни киселини, кои се клучни за здравјето на кожата. Тие се одговорни за состојбата на клеточната мембрана, која, пак, влијае на способноста да се задржува водата. Посилна пречка води кон поубава кожа без брчки.
4. Намалете го внесувањето шеќер: тој е најчеста причина за голем број кожни проблеми. Вишокот шеќер во крвотокот се врзува со колагенот, кој тогаш не дејствува како што би требало, а тоа доведува до предвремено стареење на кожата.