Медицински совет

Високиот крвен притисок е многу почест од нискиот, но и многу поопасен за човековото здравје и е причина за срцев и мозочен удар и други сериозни
заболувања. Нискиот крвен притисок, односно хипотензијата, се јавува ако вредноста на крвниот притисок е помала од 90/60 ммХг, а истражувањата покажуваат дека од него најмногу страдаат жените меѓу 30 и 40 години. Оваа појава може да предизвика низа непријатни симптоми, како што се вртоглавица, мачнина, проблеми со видот, срцебиење, но хипотензијата не е толку опасна и состојбата може да се подобри и со правилна исхрана.
Со консумирањето одредени намирници можете да влијаете на покачувањето на крвниот притисок, а на списокот ги има 14: каенски пипер, калинка, кромид, лук, цимет, риба, цвекло, куркума, зелен зеленчук, цитруси, ореви, домати, бобинки и ѓумбир.
Од сите наведени намирници, лекарите ја издвојуваат рибата, која треба да се консумира трипати неделно. Таа не само што го зголемува крвниот притисок, туку го јакне целото тело: од мускулите и коските, до мозокот и срцето. Исто така, лекарите препорачуваат пациентите со хипотензија да јадат по 500 грама овошје и зеленчук дневно. Уште една препорака, која на повеќето најмногу ќе им се допадне е црната чоколада, но не повеќе до 30 грама на ден.
Освен консумирањето одредена храна, има уште начини на подолги патеки да се регулира ова заболување. Меѓу другото, тоа се постигнува со зголемена физичка активност, здрава исхрана и хидрирање.