Медицински совет

Многу семејства, особено со мали деца, нужно имаат своја домашна аптека. Всушност, домашната аптека е нешто што сите треба да го имаме. Таа треба да се состои од основни лекови, кои можат да бидат прва помош во различни ситуации.
Лекови против алергија: Ваквите лекови се неопходни во секоја домашна аптека. Само имајте на ум, ако започнало отекување, чувствувате задушување и се појавило црвенило на вашето тело, мора да посетите лекар.
Термометар, лекови против покачена температура: Дома секогаш мора да имате термометар и дел од лековите против покачена температура.
Антибиотски кремови и флогоцид: Антивоспалителните и антибиотските кремови се исто така суштински елементи во секоја домашна аптека. Понекогаш се појавува мозолче што е воспалено и потребно е само неколкудневно мачкање за да се смири.
Шише со физиолошки раствор: Физиолошкиот раствор е одлична работа, се користи за плакнење рани, чистење на носот и миење на очите. Тој, исто така, е неопходен дел од домашната аптека.
Пробиотици: Дијарејата можете да ја спречите со неколкудневно користење пробиотици, исто така ако пиете антибиотици, пробиотиците се неизбежни.
Таблети за грло: Болката во грлото е честа појава денес. Пожелно е и едно пакување од овие лекови за прва помош.
Лекови против болка: Само имајте на ум дека болката е знак што предупредува за нешто. Можеби болката во главата е мигрена, но може да биде и висок притисок… Доколку се сомневате, секогаш можете да повикате итната помош и да се консултирате.
Кремови против болка: Денес постојат многу кремови и гелови против болни нозе, колена и воопшто против ревматски болки. Секогаш имајте барем една туба во вашата домашна аптека.