Медицински совет
Вежбајте: Вежбањето е клучно за здравјето на срцето. Според физиотерапевтката Кери Стјуарт, аеробните вежби и вежбите за сила се најважни за здравјето на срцето. Иако флексибилноста не придонесува директно за здравјето на срцето, сепак е важна, бидејќи обезбедува добра основа за поефикасно изведување аеробни и вежби за сила.
Избегнувајте пушење: Пушењето е неверојатно лошо за срцето, предупредуваат експертите, но не само за оние што пушат туку и за луѓето што го вдишуваат чадот околу себе.
Избегнувајте нездрави масти: Ограничувањето на количествата на заситени и трансмасти што ги јадете е важен чекор во намалувањето на холестеролот во крвта и ризикот од коронарна артериска болест. Високиот холестерол во крвта може да доведе до атеросклероза, што може да го зголеми ризикот од срцев и мозочен удар.
Спијте доволно и квалитетно: Спиењето е клучно за здравјето на срцето, а националните здравствени организации генерално препорачуваат најмалку седум часа квалитетен сон.
Не занемарувајте го здравјето на забите: Здравјето на забите е добар показател за целокупното здравје, вклучувајќи го и здравјето на вашето срце, бидејќи оние со пародонтална болест често ги имаат истите фактори на ризик за срцеви заболувања.