Симптоми што предупредуваат на инфаркт
Инфаркт, односно срцев удар, означува намалување или прекин на дотекот на крв со срцевиот мускул. Вашето тело ќе покаже некои од симптомите пред да се случи тоа. Од хроничен замор страдаат 70 отсто од жените, но ако никогаш порано не сте се сретнале со оваа состојба, тоа може да биде еден од главните симптоми што укажуваат на претстојниот срцев удар, особено кај женската популација.
Болка во стомакот кај 50 отсто од случаите предупредува на инфаркт, како и чувство на мачнина. Надуеност и „нервозен“ желудник се симптоми што се јавуваат и кај мажите и кај жените. Тие се појавуваат и исчезнуваат.
И несоницата може да биде индикатор, како и чувството на анксиозност.
Неможноста длабоко да вдишете се јавува кај двата пола и шест месеци пред да дојде со срцев удар. Ова е исклучително сериозно предупредување и знак дека здравствената состојба е нарушена.
Еден од симптомите е и нарушен срцев ритам (аритмија), често проследен со паника и чувство на страв, како и забрзани отчукувања (тахикардија).
Исто така може да почувствувате болки и трпнење во прстите, особено во левата рака, долната вилица, вратот и рамената.