Триесет и петтото издание на „Поетската ноќ во Велестово“ неофицијално ќе започне на 12 август со интернационалното поетско читање „Прелудиум“, кое ќе се одржи во кафе-барот „Шила“ во Охрид, од 18 часот. Поезија ќе читаат: Танос Гогос (Грција), Марко Грегур (Хрватска), Марија Дејановиќ (Хрватска), Марио де Роза (Италија), Ѓоко Здравески, Долорес Атанасова–Лори, Сашо Огненовски, Ким Симонсен (Фарски Острови), Марина Икономова Шокева.
Настанот ќе го модерира Јулијана Величковска.