Промоција на книгата „Авторските политики во филмските адаптации: Смрт во Венеција (Лукино Висконти), Војцек (Вернер Херцог) и Огледало (Андреј Тарковски)“ од Ана Опачиќ се одржа во Кинотеката на Македонија. За книгата зборуваа Ивица Димитријевиќ и Александар Прокопиев. Книгата е всушност докторската дисертација на авторката.
Ана Опачиќ дипломирала на Уметничката академија во Сплит на насоката за филм и видео. Магистрирала на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА во Скопје (Еуропа Прима), на катедрата за филмска и ТВ-режија. Докторирала на Институтот за македонска литература при УКИМ, на темата „Авторските политики во филмските адаптации: Смрт во Венеција (Лукино Висконти), Војчек (Вернер Херцог) и Огледало (Андреј Тарковски)“. Од 2014 година работи како доцентка на Интернационалниот универзитет за аудиовизуелни уметности „Еуропа Прима“ во Скопје, по предметите Сценарио и Драматургија на сценски простор. Во 2010 година учествува на меѓународниот студентски филмски камп „Интеракција“ како режисерка, а во 2013 година, исто така како режисерка, е учесничка на „Сараево талент кампус“ при „Сараевскиот филмски фестивал“. Од 2015-2019 година беше стручна соработничка на дневниот весникот „Нова Македонија“ како професионална дописничка за филм. Ана Опачиќ има направено осум професионални краткометражни филма, околу 20 краткометражни филма за време на студиите, како и неколку изложби и перформанси од уметноста на новите медиуми. Членка е и на Друштвото на филмски работници на Македонија. Од 2018 година е основачка и директорка на фестивалот за нов европски филм „Бич филм фестивал“, како и авторка на голем број проекти.