Промоција на книгата „Реторички лексикон на поими и дефиниции“ од Трајко Огненовски, во издание на „Македоника литера“, ќе се одржи денеска во „Салон 19:19“ во 19.19 часот. Книгата ќе ја промовираат Димитар Пандев и Сашо Огненовски.

Трајко Огненовски (1939 г.) е универзитетски професор во пензија, доктор на наука од областа на лингвистиката и лексикологијата, како и литературата. Негови дела се: „Народниот хумор и смеата“, „Култура на изразување“, „Светите браќа Кирил и Методиј“, „Св. Наум Охридски“, учебниците „Култура на изразувањето“ и „Македонски јазик“, како и голем број монографии. Долгогодишен и активен учесник е на семинарот за македонски јазик и култура во Охрид.

Книгата „Реторички лексикон на поими и дефиниции“ е прво лексикографско дело од овој вид во неговата научна дејност. За постигнатите успеси во научната и просветно-педагошка дејност добил и други награди и признанија од општински и државен карактер.