На 14 октомври во МНТ гостува претставата „Поделби“ од Србија. Претставата е во копродукција на Српско народно позориште, Народно позориште од Ниш и Народно позориште од Приштина, со седиште во Грачаница. Автор е Добрица Ќосиќ, режисер и сценограф е Jуг Радивојевиќ, на драматизација се потпишува Спасоје Ж. Миловановиќ, драматург е Божидар Кнежевиќ.
Улогите ги играат: Небојша Савиќ, Соња Дамјановиќ, Mилош Цветковиќ, Небојша Ѓорѓевиќ, Милан Ковачевиќ, Григорије Јакишиќ, Игор Дамњановиќ, Страхиња Бојовиќ, Дејан Цицмиловиќ, Валентин Венцел, Бојана Милановиќ.
– За да се постави текстот „Поделби“ на сцена беше неопходно да се направи драстична селекција на многубројните поединечни поделби со кои романот изобилува. Откога основната линија е извлечена и кога личната и семејна трагедија на Урош Бабовиќ е ставена во прв план, „поделбите“ станаа театарски „поделби“. Кога по претставата ќе ни слегнат впечатоците за естетиката (и пораката) од она што сме го виделе на сцената, дури и кога мислењата би ни се разликувале, верувам дека сите (или речиси сите) ќе се согласат во едно: без оглед на театарската форма, овие и вакви „Поделби“, со својата суштина, најмногу личат на античка драма – вели драматургот Божидар Кнежевиќ.
Премиерната изведба беше на 11 март во Ниш, потоа на 16 март во Српско народно позориште.