Шаховскиот клуб Младинска шаховска школа – Струга во соработка со ШК Плексер од Охрид, на 6 мај го организираше првото Регионално младинско првенство во шах, наменето за деца од основните училишта од општините Струга, Охрид, Дебрца и Вевчани, кои беа поделени во четири групи.
Се играше во преполнетата спортска сала во ПУ „Јахја Кемал“ во Струга.
На првенството учествуваа над 120 млади шахисти од овие четири општини. Настанот е дел од меѓународниот младински шаховски фестивал „Езерска кралица 2023“, кој го организира веќе четири години.
Младинската шаховска школа од Струга освои три места во три од четирите категории.
Во категоријата до 14 години првото место го освои Лука Симоноски со освоени 4,5 поени, од ПУ „Јахја Кемал“ – Струга.
Во категорија до 12 години прворангиран е Јован Пуроски со освоени 4,5 од ОУ „Св. Климент Охридски – Охрид“, а во категоријата до 10 години првото место му припадна на Мехмед Хазма со освоени 4,5 поени ОУ „Братство единство“ од Охрид.
Кај најмалите до осум години првото место го поделија Александар Стојкоски со освоени 4,5 поени Од ОУ „Јосип Броз Тито“ – Струга и Реџеп Алтан исто така со освоени 4,5 поени од ОУ „Братство единство“ – Охрид.
Ст.К.