Ајде да видиме…

Речиси сите уреди што ги користиме во секојдневниот живот – радиото, дигитронот, далечинскиот управувач и автомобилот – содржат електронски кола на чија основа работат. Тие се составени од електронски делови поврзани со жици низ кои тече електрична струја. Со комбинирање различни делови и нивно поврзување на различни начини, можат да се направат електронски кола коишто се способни да извршат секаква задача.
Колата на кои им се потребни илјада дела би биле огромни. Модерните кола користат интегрални кола или микрочипови, на коишто се наоѓаат микроскопски мали составни делови и врски изградени на тенка основа од полуспроводнички материјал, најчесто силициум. Затоа микрочиповите најлесно се нарекуваат силициумски чипови.
Постојат илјадници видови различни интегрални кола. Сметачките процесори или чиповите за меморија можат да содржат стотина илјади, па дури и милиони микрочипови.
Поединечниот електронски дел во интегралното коло или микрочип е широк само неколку стотици делови од милиметар. Тој се состои од алуминиумски врски, поставени на силициумски слоеви.
Самиот микрочип се состои од повеќе илјади транзистори и други делови. Тој може да биде широк помалку од еден милиметар. Микрочипот се става во пластична капсула заради заштита. Поврзувањето се врши со помош на приемник или со врзувачки иглички. Тие се вклучуваат во приемници на таблата со коло.

(Од детската илустрирана енциклопедија „Прашања и одговори“ на „Топер“)