Вие ни пишувате

Афирмираниот писател Саво Костадиновски, кој повеќе од педесет години живее и твори во Германија (на германски и македонски јазик и има објавено повеќе од 130 книги) на 18 септември годинава, за време на краткиот и планиран престој во Македонија, ги посети учениците од ООУ „Лазо Трповски“ на Меѓународниот литературен натпревар за млади.
Во оваа пригода Костадиновски одржа кратко литературно читање, на кое се претстави себеси и им подари свои авторски изданија на книги во знак на поддршка за долгата традиција на учество на овој реномиран натпревар на училиштето и во знак на благодарност за досегашната афирмација на Македонија во светски рамки.
ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје и годинава, 13. пат едноподруго, учествува на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија, на кој досега има освоено три награди (2015, 2016 и 2021 година).
Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио и се одржува во рамките на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“ во главниот град на Јапонија. Овој глобален проект се реализира од 2020 до 2030 година и во него активно се вклучени сите земји-членки на УНЕСКО.
Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија.
Годинава на овој реномиран натпревар, на кој учествуваат ученици од речиси целиот свет (само за споредба минатата година учествуваа ученици од 152 земји) со свои лични творби, напишани во форма на есеј на тема „Младите како идни креатори на мир во светот“, училиштето го претставуваат седум ученици: Лара Станчева, Тамара Ѓоќеска, Атанас Стаматовски, Берк Ѓунеш, Стефан Митревски, Миа Хаас и Галена Стојановска, под менторство на предметниот наставник по германски јазик Стефан Симовски.
Организаторот ќе ги објави наградените ученици на 1 ноември годинава.
Повеќе информации во врска со натпреварот може да најдете на веб-страницата на организаторите www.goipeace.or.jp

Стефан Симовски,
предметен наставник
по германски јазик
во ООУ „Лазо Трповски“


Дедото што патува

Дедото што патува
тоа не е штета,
штом веќе може
со мерак да шета.

Се раѓаат идеи
секој сака да патува
светот да го види
живот да си позлатува.

Но и патувањето
си има свој крај,
со време ќе згасне
како сончев сјај.

А дедото тогаш
дома ќе си седи
со внуците негови
приказни ќе реди.

Саво Костадиновски
(Од книгата „Дедовците и внуците“)